Флорентино Перез признава дека ја загубил битката за задржување на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, а најавува нов „кралски“ проект, со атрактивни засилувања од калибарот на Герет Бејл, Давид Силва, Нејмар, Иско….
„Перез конечно ја прифати реалноста. Му стана јасно дека не може да го направи Роналдо среќен во Мадрид. Со сила не бидува, а претседателот на Реал не сака да го моли Кристијано да го продолжи договорот“ велат шпанските медиуми.
За Перез е опасно одолговлекувањето на Роналдо, бидејќи годинава има избори за претседателската позиција. Се обиде да му понуди екстра-скап нов договор, но Кристијано очигледно одбива“ додаваат Шпанците.
Богатите Манчестер сити и Пари сен Жермен, кои имаат арапски сопственици ќе бијат битка за ангажман на одличниот напаѓач на Реал, а во игра е и Манчестер јунајтед. Кај „црвените ѓаволи“ Роналдо мина пријатни моменти во кариерата, а Сер Алекс Фергусон веднаш би го прифатил враќањето на Португалецот. Неофицијално Јунајтед нуди околу 150 милиони евра за кам-бек на Роналдо.
Перез под притисок од изборите, ветува нов „кралски“ проект. Трансферна цел налето, за Реал, пред се ќе бидат Бејл и Нејмар. Со нив клубот од Мадрид би бил екстра атрактивен. Ако дојдат и Силва и Иско, актуелниот шпански шампион би бил вистински дрим-тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“