| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нема план што е следен чекор на СДСМ?

Не е лошо ако Грција ја искористи кризата предизвикана од СДСМ

Sednica-na-CO-na-SDSM2

Извори во Централниот Одбор на СДСМ за Република тврдат дека на завчерашната седница се водела долга и мачна дискусија во која што лидерот на партијата немал одговори на неколку клучни прашања.

Дел од присутните барале одговор на прашањето како СДСМ ќе одговори на обвинувањата дека прави сериозна штета на земјата со потегот кој што може да влијае и на годишниот извештај на Европската комисија но и на целокупниот имиџ на земјата.

Заев немал конкретен одговор како ќе се елиминира оваа опаснот и само рекол дека за тие проблеми ќе се размислува подоцна без да изложи било каков план како да се спречат последиците во меѓународната заедница кои што ќе бидат предизвикани од СДСМ.

Дел од присутните коментираат дека лаконскиот одговор дека за проблемот ќе се мисли понатаму покажува дека се работи за сериозен дефицит во капацитет кај раководството и особено кај лидерот  кој и покрај тоа што нема никаков план или идеи што ќе прави СДСМ и генерално Македонија во политичката криза која што ја наметнува Заев во иднина сепак ниту во еден момент не покажал чувство за одговорност пред сопартијците.

Заев немал конкретен одговор ниту на прашањето за Грција која што ќе ја искористи кризата предизвикана од СДСМ за да ги потврди своите политики кон Македонија. И на ова прашање дал одговор според кој тоа не е лошо но притоа не објаснил дали тоа не е лошо за СДСМ или не е лошо за земјата. Дел од присутните бил шокирани од овој одговор на
Заев поради што на крајот на седницата едвај имало кворум за да се донесе одлука за враќањето на мандатите во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top