Убиена жена од росоманското Сирково, Кавадаречко е пронајдена во објект во Кавадарци вчера, објави „Дневник“.
Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес потврди дека вчера околу 12.05 часот пријавено е пронаоѓање на леш.
– Во текот на денот излезено е на лице место и извршен е увид од страна на јавен обвинител, увидна екипа и лекар кој при прегледот констатирал смрт по насилен пат. Се работи за лице родено 1964 година. Заради утврдување на причините за смртта наредена е обдукција. Поради сомневање дека едно лице е поврзано со случајот, тоа е приведено во полиција и е задржано – вели Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.