Одлуката за враќање на мандатите Централниор одбор на СДСМ ја донел рано утринава околу 4 часот и 30 минути, без потребниот кворум, дознава Пресс24 од високи партиски извори.
Според информациите на порталот, најтесното раководство, чекало да заминат неистомислениците, за да можат да одлучуваат едногласно како што напишаа во денешното соопштение.
Најголемиот конфликт синоќа настанал кога Заев пред делегатите нервозно изјавил дека под никакви околности нема да ја напушти градоначалничката функција во Струмица и дека очекува партијата да го штити од власта при тоа не прецизирајќи каква и за што му е потребна заштита.
Заев и Шеќеринска пред Централниот одбор обелодениле дека враќањето на мандатите е со цел предизвикување на интервенција на меѓународниот фактор во земјава со предизвикување серизона политичка криза. Иако делегатите побарале конкретна стратегија – што по враќањето на мандатите, Заев одговорил дека таква стратегија нема и дека за тоа ќе се одлучува подоцна. Инаку, вчерашниот Централен одбор помина во целосно тензична атмосфера со голем број барања за оставка од Заев, а од друга страна и закани кон неистомислениците од насилници режирани од актуелното раководство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.