Околу 300 проруски сепаратисти во градот Доњецк во источна Украина денеска насилно влегле во јавното обвинителство. Како што јавуваат украинските медиуми, пруруските групи фрлале камења кон специјалците кои направиле обрач околу зградата.
Полицијата употребила димни бомби и солзавец. Дел од демонстрантите одзеле штитови од полицајците. До судирите дошло по маршот на проруските групи низ градот. Демонстрантите носеле знамиња на „Доњецката Народна Република“, движење кое се залага или за поголема автономија од централната власт во Киев или за отцепување и можно припојување кон Русија.
Напаѓачите го симнале и го запалија украинското знаме и на зградата на обвинителството го развеале знамето на „Доњецката Народна Република“.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Лидерот на проруските бунтовници убиен во експлозија во Украина (видео)
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија


