
Туристите од нашето соседство но и од Полска, Романија, Португалија и Кина најбројни за првомајските празници во главниот туристички центар, јави Сител. И покрај врнежливото време кое не им дозволи на граѓаните масовно да излезат и да го прслават денот со традиционална скара или пак посета на некое од излетничките места сепак градот и чаршијата е исполнета со посетители од сите краеви.
Туристичките работници очекуваат успешна сезона а доказ за тоа е и пристигнувањето на првата група холандски туристи кои од утре па се до средина на Октомври ќе доаѓаат со четири чартер летови неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


