| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо го тргна автобусот, Атлетико го декласира Челси

Атлетико Мадрид е вториот финалист во Лигата на шампионите, а Лисабон на 24 мај ќе биде домаќин на шпанско финале за титулата, по вечерашната победа на „јорганџиите“ од 3-1 против Челси.

Трофејот од Минхен сигурно ќе се пресели во Мадрид, а за него во главниот португалски град ќе играат лутите ривали Реал и Атлетико.

Челси поведе со голот на Фернандо Торес во реваншот во Лондон, но Атлетико беше подобар на „Стемфорд Бриџ“ и со три погодоци, дело на Адријан Лопес, Диего Коста од пенал и на Арда Туран го декласира англискиот тим.

Во финалето на Лигата на шампионите за првпат ќе играат два тима од ист град, а Реал Мадрид ќе атакува на јубилејната десетта титула, додека Атлетико ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top