| четврток, 6 декември 2018 |

Партискиот ЦО на СДСМ вечерва одлучува за пратеничките мандати

nov pocetok sdsm slogan

Вечерва е во тек состанок на партскиот Централен одбор (ЦО) на опозициската СДСМ на кој треба да ја донесе конечната одлука: дали и како ќе се реализира најавата на лидерот Зоран Заев за непризнавање на изборите.

Вчера извршниот одбор на СДСМ едногласно донесе одлука пратениците од опозицијата да не ги прифаќаат мандатите во новиот парламент.

Освен за мандатите, ЦО на СДСМ вечерва се очекува да се договори и за почетокот на подготовките и за новиот постизборен партиски конгрес, на кој ќе се оценат исборните резултати и довербара на лидерскиот довец Заев-Шеќеринска. Како можен датум за одржување на конгресот се споменува 11 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top