
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Никола Рилковски, в петок, на 2 мај ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.
За Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ова ќе биде втор претседателски мандат.
ДИК на денешната седница ги соопшти конечните резултати од гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април. Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 398.077 гласови. На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


