
ДИК на денешната седница ги соопшти конечните резултати од изборите за претседател.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов на вториот круг од изборите освоил 534.910 гласови, а кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски освоил 398.077.
На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи или 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.
ДИК во следните денови ќе издаде решение на Иванов за нов мандат.
Денеска Комисијата на седница разгледувала и 12 приговори за парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


