| четврток, 6 декември 2018 |

Светот е загрозен од бактериите отпорни на антибиотици

тпорноста на антибиотиците потенцијално може да го загрози секој човек, без разлика на возраста и земјата во која живее, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО)

бактерии-3

Ширењето на смртоносните бактерии на најсилните бактерии веќе не е прогноза, туку се случува ширум светот соопштија денеска официјалните лица на Обединетите нации (ОН).

Отпорноста на антибиотиците потенцијално може да го загрози секој човек, без разлика на возраста и земјата во која живее, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).

Тоа е голема закана за јавното здравје, а последиците ќе бидат разорни, се наведува во документот.

– Светот се движи кон ерата по антибиотиците, во кој обична инфекција или помала повреда, која со децении можеше да се лечи, сега може да биде смртоносна – изјави Кеији Факуда, помошник директор на СЗО за здравствена заштита.

Во извештајот заснован на податоците од 114 земји, СЗО наведува дека субербактериите може да избегнат влијание дури и на најсилните антибиотици и дека тие се пронајдени во сите региони на светот.

Отпорноста на антибиотиците е резултат на погрешна или прекумерна употреба на овие лекови, што ги поттикна бактериите да развијат начин да ги надминат.

Една од најпознатите супербактерии е МРСА, која во САД и Европа секоја година убива по околу 19 илајди лица, што е поголем број од оние кои починале од СИДА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top