
ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува извештаите и оценките на ОБСЕ/ОДИХР кои се однесуваат на спроведувањето на изборниот процес во државата како и изјавите на САД и ЕУ кои се однесуваат на истата тема, соопштија од владејачката партија.
„Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ќе ги нотира и адресира сите видувања на ОБСЕ/ОДИХР како што тоа го правеше до сега во сите претходни изборни циклуси, вклучително и изборите во 2013 година, а кои се во насока на понатамошно унапредување на стандардите и критериумите на изборниот процес. ВМРО-ДПМНЕ изразува благодарност до релевантните претставници на меѓународната заедница за конструктивниот однос и придонес во спроведувањето на мирни, фер и демократски избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што пишува во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ активно ќе продолжи со реформскиот процес, со реализација на ветените мерки и проекти, како и исполнувањето на европскиот и евроатланскиот интегративен процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


