Најмалку 500 денари месечно повеќе во домот на секое семејство со бебе. Новите владини мерки значително ги намалуваат трошоците на семејствата кои добиле принова. Со намалувњето на ДДВ-то од 18 отсто на 5 отсто за бебешки производи само за пелени, месечно се заштедува голема сума. Ако се има предвид дека една кутија пелени чини околу 1500 денари, а на семејството со бебе им се потребни околу 2 месечно, тогаш математиките покажуваат, дека наместо 3000 денари како до сега, од семејниот буџет со усвојувањетона новата владина мерка ќе треба да се одвојат 390 денари помалку, или 2610 денари. Значително ќе поевтинат и количките за бебиња. Ако една количка до сега се продавала за 300 евра, со новата мерка заштедувате скоро 40 евра. Заштеди ќе има и на цуцли, шишиња за бебиња, релаксатори и сите останати бебешки помагала.
Се намалува стапката на ДДВ и за училишен пробор, па заштеди ќе имаат и семејствата чии деца веќе одат на училиште.
– Со намалувањето на ДДВ, очекуваме да се намали и цената на производите, што ќе биде директна помош за граѓаните. Намалениот ДДВ кај бебешките производи и училишниот прибор ќе биде од голема помош за родителите на новородени бебиња и ученици. Со намалувањето на ДДВ ќе се влијае и врз цените на сточната храна и добитокот, со што ќе се влијае и на намалување на цените на месо и млечни производи. Оваа мерка ќе ја подобри и конкурентноста на македонските производи врз увезените производи – истакна денеска НиколаГруевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.