|
Обединетата македонска дијаспора им ja честиташе победата на изборите на претседателот Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на тројцата членови на Парламентот избрани од дијаспората, со надеж дека тие ќе работат напорно за соодветно да ги претставуваат непартиските погледи на дијаспората во македонското собрание, како и да помогне да се зајакне имиџот на дијаспората меѓу домашното население. “И покрај обвинувањата за изборни нерегуларности и други проблеми, Македонија му покажа на остатокот од светот дека е посветена на демократскиот процес и уште еднаш покажа зрелост со одржување на мирни и демократски избори со интегритет; сите институции треба да работат за да се решат проблемите и да се движат напред за доброто на иднината на земјата”, рече претседателот на ОМД Стојан Николов. “Како што официјалниот претставник на ОБСЕ / ОДИХР за време на прес-конференција во Скопје при објавувањето извештајот на нивните набљудувачи на изборите во понеделникот изјави, “бојкотот не е демократски инструмент,” јас исто така се приклучувам на оваа изјава и ги повикуваме лидерите на опозицијата да гледаат кон иднината; во демократијата, потребно е опозицијатада обезбеди надзор над владата, место на опозицијата е во Парламентот преку институционални механизми”, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



