
Изборите во Македонија беа спроведени уредно и професионално, со одредени технички неправилности, изјави вчера Џен Псаки, портпаролка на американскиот Стејт департмент, пренесува дописникот на МИА од Вашингтон.
Паралелно со објавувањето на заедничкото соопштение на САД и амбасадите на САД и на Европската Унија во Македонија, Псаки доби прашање од двајца грчки новинари на вчерашната прес – конференција во Стејт департментот, кои прашаа дали „БЈРМ спровела избори на кои не биле испочитувани некои важни обврски на ОБСЕ”.
– Им честитаме на граѓаните на Македонија за исполнувањето на нивното право на глас на претседателските и парламентарните избори. Ја повторуваме првичната оценка на ОБСЕ дека изборите беа спроведени ан уреден и професионален начин, со некои технички неправилности. Продолжуваме да ги следиме фазите на изборниот процес, вклучително и постапувањето по евентуалните постизборни приговори и жалби. И секако, ги поттикнуваме тие што ќе ја формираат Владата по изборите да се посветат на отстапките и нееднаквостите во поширокиот изборен процес, кои беа наведени од ОБСЕ, изјави Псаки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент
-
Зошто е важно да го имаме Тед Круз на наша страна: Сенаторот на Тексас потпиша за гонење на Бејли
-
Стејт департментот го испитува американското финансирање на групите на Сорос Македонија
-
Во тек е масовно разрешување на кадрите на Сорос во Стејт департментот


