| четврток, 6 декември 2018 |

Проруски активисти ја зазедоа зградата на локалната администрација во Луганск

Ukraina April 26

Околу 3.000 проруски активисти денеска ја нападнаа и зазедоа зградата на локалната администрација во источниот украински град Луганск.

Дваесетина млади лица вооружени со железни прачки го скршиле прозорецот за да упаднат во зградата, која не била обезбедувана од полицијата, а насобраниот народ чекал надвор за да може да влезе.

На почетокот од месецот проруските активисти ја зазедоа зградата на полицијата во Луганск, град со 456.000 жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top