| четврток, 6 декември 2018 |

Проруските активисти од Луганск тврдат дека повлекле 80 проценти од тешкото оружје

Самопрогласената Луганска народна република во источна Украина од линијата на разделување повлече речиси 80 проценти од тешкото вооружување, изјави денеска нејзиниот лидер Игор Плотницки.

Како што јави ТАСС, тој нагласи дека тоа било потврдено и од Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Плотницки изјави дека од украинска страна „работите не се случуваат со толкав интензитет“ и дека, според неговите сознанија, Киев повлекол 15 до 20 проценти од оружјето.

Двете сепаратистички републики испратиле писма до ОБСЕ, Киев, Москва, Париз и Берлин во кои се тврди дека украинската страна намерно го спречува спроведувањето на договореното од Минск.

– Претседателите на земјите, кои се гаранција за таа спогодба, сега треба да се вмешаат и да ја натераат Украина да ги исполни заземените задолженија – изјави Плотницки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top