| четврток, 6 декември 2018 |

Расправија прерасна во пукотници

Вчеравечер во 19.40 часот, во Гостивар, 55-годишниот М.А. отишол пред станот на В.М.(51) барајќи му пари поради наводен долг.

Откако В.М. одбил да му даде, настанала расправија меѓу двајцата, по што М.А. извадил пиштол и испукал два куршума во влезот од зградата, но нема повредени лица.

Извршен е увид на местото на настанот, при што се пронајдени и подигнати две чаури и два проектила за вештачење, а со потврда за одземени предмети од М.А. е одземен пиштол „црвена застава“ кал. 7,65 мм, што го поседувал без дозвола.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top