| четврток, 6 декември 2018 |

Во македонска гимназија се изучува Карлеуша (фото)

Српската пејачка Јелена Карлеуша на нејзиниот профил на „Твитер“ објави фотографија на која е предмет на изучување во една македонска гимназија.

– На час во една гимназија во Македонија, кога ве изучуваат во училиште. Мислев дека за ова морам прво да умрам – напиша
Карлеуша на „Твитер“.

Не е познато каде била направена фотографијата, ниту за какво предавање станува збор, но на фотографијата се наоѓа Карлеуша, додека покрај неа е биографијата на англиски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top