Со поддршка од Министерството за култура, ќе се реконструира Спомен-домот на Разловечкото востание во селото Разловци, Делчевско.
По долги години запоставеност, овој објект, кој има големо историско и културно значење, ќе биде комплетно реконструиран. За таа цел, стручните екипи од Националниот конзерваторски центар – Скопје ќе извршат конзерваторски истражувања на објектот во кој се сместени библиотека, постојана историска поставка, како и ликовна изложба од ликовната колонија одржана по повод одбележувањето на стогодишнината од Разловечкото востание. Врз основа на извршените истражувања и постојната архитектонска документација, ќе биде изработен проект според кој ќе бидат прецизирани конкретните активности за непосредна заштита на објектот, по што ќе започнат активностите за санација. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи зачувување и презентација на еден значаен сегмент од македонската историја и култура.
Изградбата на Спомен-домот на Разловечкото востание почнала во 1976 година при одбележувањето на стогодишнината од востанието, а во 1979 година бил предаден во употреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.