Зголемени притисоците врз Грција , што би резултирало со затворање на прашањето за името и прием на Македонија во НАТО на следниот самит на алијансата, кој ќе се одржи во Велс во септември, се прогнозите на грчкиот весник „Катимерини“, кој се повикува на американски извори, а ги пренесе „Канал5“.
За евентуална нова иницијатива за решение на прашањето за името до следниот самит на НАТО во септември, според „Катимерини“, разговараат надлежните кругови во Вашингтон. Весникот, повикувајќи се на свои извори, исто како и пишувањата на многу други медиуми во Грција во изминатиот период, најавува зголемување на притисоците за затворање на долгогодишниот спор и интеграција на Македонија во северно-атлантската алијанса.
„Во едно сценарио, кое потсетува на ангажирањето и притисоците на САД од владата на Буш пред шест години, што кулминираше со драматично отфрлање на кандидатурата на Скопје од лидерите на НАТО, некои американски официјални лица ја гледаат повторно интеграцијата на Скопје, но и на Црна Гора во алијансата, како алатка за притисок врз Москва во рамките на конфликтот поради случувањата во Украина. Да се случи тоа што се случи во 2008 година, кога Џорџ Буш сакаше да прати порака со проширувањето на НАТО со земјите од Западен Балкан. Ова размислување сè уште не е усвоено на политичко ниво“, го пренесува телевизијата новинарот од „Катимерини“, кој, како што се покажа во минатото (прв го откри предлогот на Нимиц од април минатата година за Северна Република Македонија), е добро известен и од Њујорк и од Вашингтон.
„Вима“, „Катимерини“ и неделникот „Епикера“ се дел од грчките медиуми, кои во изминатите неколку месеци предупредуваа дека до самитот на НАТО во Велс во септември ќе се зголеми притисокот за решение на името,за нашата земја конечно да стане дел од алијансата. Тиражниот неделник, пак, тврдеше дека Атина, ги нема сојузниците од 2008 година, односно дека Германија и Франција не ја поддржуваат Грција како пред шест години, додава „Канал5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа


