| четврток, 6 декември 2018 |

Конститутивната седница на Парламентот најдоцна на 17 мај

sobranie-na-rm-640x360Мандатот на новоизбраните пратеници почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница, најдоцна 20 дена по одржаните избори. Тоа е 17 мај, сабота. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Ако не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите, т.е. во недела на 18 мај, во 10 часот. Седницата во таков случај ја свикува најстариот по години избран пратеник, а ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, сe до избраниот пратеник што ќе се согласи да ја свика првата седница. Пратеникот што ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието, додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

Собранието на 20-тиот или на 21. ден од одржувањето на изборите, може да се конститутира ако на седницата присуствуваат мнозинството избрани пратеници. Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница, по предлог од Верификационата комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top