Шефот на делегацијата на ОБСЕ ПА, Изабел Сантос како дел од меѓународната набљудувачка мисија за изборите ги соопшти своите првични заклучоци.
-Видов многу позитива и смирена атмосфера на избирачките места и мошне професионална и пријателски настроена изборна администрација на секое од избирачките места. Тимот на Парламентраното собрание на ОБСЕ распореди 31 пратеник или припадници на службите на парламентот кои што посетија ибирачки места ширум целата територија на земјата- истакна Сантос.
Таа посочи дека заедно со својот тим посетиле избирачки места во урбани и рурални области во места населени со етнички Македонци, Албанци и Роми како и други етнички малцинства.
Сантос додаде дека набљудувачката мисија имала најдобри услови обезбедини од властите за набљудување на изборниот процес, за што се заблагодари.
Генералната оценка на ОБСЕ/ОДИХР е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности. Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здржување биле почитувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.