| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ ја повика опозицијата на конструктивност

OBSE pres 06 (Custom)Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР испрати порака политичките лидери да работат конструктивно и да се залагаат за редовен почеток на мандатот на законодавната власт, испрајќајќи јасен сигнал до најголемата опозициска партија и лидерот Зоран Заев кои не ги  признаваат изборните резултати.

-Како искусни политичари и граѓани на европски демократии, никогаш не поттикнуваме политики на бојкот кога станува збор за изборите. Со жалење слушаме дека главната опозициска партија реши да не ги признае изборните резултати. Упатуваме силен поттик до сите политички лидери да работаат конструктивно, заеднички, за да гарантираат непречено одвивање на постизборната фаза и редовен почеток на мандатот на законодавната власт, истакна Кристине Мутонен, Специјален координатор назначен да ја води краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Според Мутонен, ОБСЕ е подготвено да им помогнена новоизбраните органи на власта да продолжат на патеката кон целосно демократски систем. Таа нагласи дека демократијата не се остварува само во периодот на избори, правниот систем е единствена гаранција за граѓаните на секоја земја да можат да ги уживат демократските права и да се спречи демократското уназадување

-Би сакала да го пофалам ентузијазмот и личната посветеност на луѓето кои придонесоа изборниот ден да биде успешен, потенцираше Мутонен.

Според првичните заклучоци од Меѓународната набљудувачка мисија за изборите, како и во првиот круг од гласањето, изборите на 27-ми април беа ефикасно спроведени, вклучувајќи го и изборниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top