Порталот „Охридњуз“ објавува дека п
оради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело полов напад врз малолетник што не навршил 14 години, Секторот за внатрешни работи поднесе кривична пријава за 36- годишен охриѓанец, по што од истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ноќта меѓу 16 и 17 овој месец пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник – негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде што заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по грбот и употреба на физичка сила од притворениот врз малолетното лице, со цел да го заплаши, да ја злоупотреби и искористи неговата немоќ да се спротивстави на таквите обиди.
Во намерата да го изврши половиот напад, притворениот бил спречен од неговиот брат, кој спиел во истата просторија и го забележал однесувањето и обидот за полов напад. Тој веднаш го оттргнал малолетникот од напаѓачот, по што случајот е пријавен од родител на 10-годишното дете.
СВР Охрид веднаш го приведе лицето за кое и досега биле поднесувани пријави по повеќе основи за сторени казнени дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.