Трајана Димова наполни 92 години и среќна што денеска гласала на парламентарните и претседателските изброи. Со фамилијата живее во Шведска, но сите заедно дошле во Македонија за изборите. Во родната земја било подобро да се гласа, пренесува „Канал 5“.
– Секогаш гласам, тоа е важно за Македонија – вели Димова.
Димова гласаше на изборното место 2573 во населбата Ѓорче Петров. Баба Трајана посака мир и љубов и замина во нејзиниот дом, да се порадува со внуците и правнуците.
Фото: Канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.