| четврток, 6 декември 2018 |

За Светскиот ден на танцот, балетот „Самсон и Далила“ во МОБ

По повод Светскиот ден на танцот, утревечер со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. „Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ.

Во насловните улоги ќе настапат првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Крв – Мирјана Поп Алексова, Месо ќе ја толкува Бобан Ковачевски. Концертен мајстор – Трајче Стојковски, Зло – Билјана Пашариковска.

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба меѓу доброто и злото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top