| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК со настап во Швајцарија

Наредниот викенд Македонците во областа Кантон ќе имаат можност да го видат настапот на аренби-дуото ДНК. Панчо и Андреј ќе направат свое шоу в сабота, 3 мај, во клубот „Сан Тропе“ во Герланфинген, Швајцарија.

– Драго ни е што нашата музика се слуша и во Швајцарија, па со особено задоволство ја прифативме поканата да се забавуваме заедно со тамошната публика и да ѝ приредиме забава за паметење – изјавуваат Панчо и Андреј.

Најголемите хитови од албумите „Срце“ и „Кажано е сѐ“ ќе бидат дел од репертоарот што ДНК ќе го изведат во Герланфинген.
Вечерта, на 3 мај, освен ДНК, публиката во клубот „Сан Тропе“ ќе ја забавува и Симона Попоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top