Наредниот викенд Македонците во областа Кантон ќе имаат можност да го видат настапот на аренби-дуото ДНК. Панчо и Андреј ќе направат свое шоу в сабота, 3 мај, во клубот „Сан Тропе“ во Герланфинген, Швајцарија.
– Драго ни е што нашата музика се слуша и во Швајцарија, па со особено задоволство ја прифативме поканата да се забавуваме заедно со тамошната публика и да ѝ приредиме забава за паметење – изјавуваат Панчо и Андреј.
Најголемите хитови од албумите „Срце“ и „Кажано е сѐ“ ќе бидат дел од репертоарот што ДНК ќе го изведат во Герланфинген.
Вечерта, на 3 мај, освен ДНК, публиката во клубот „Сан Тропе“ ќе ја забавува и Симона Попоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Панчо ДНК: Се каам што не ѝ кажував секој ден колку ја сакам
-
Тоа сме ние Панчо и Андреј: Немавме ни за автобус, но Универзумот виде колку вистински посакувавме
-
Панчо „ДНК“: Нека види цела Македонија колку плодна општина сме
-
Владимир Блажев: Нашите „ѕвезди“ сакаат сè на тацна и дури сфатат – времето им прошло


