| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Клековски: Како до 13 април напладне за СДСМ изборите беа фер, а кога стигнаа резултатите се прекрши работата?

Saso Klekovski (3)

На 13 април Зоран Заев даде клучна изјава од избирачкото место кога посака „вака да продолжат изборите фер и демократски како што биле дотогаш“. Ја даде изјавата во моментот кога беше уверен дека нивниот кандидат Стево Пендаровски води во првиот круг бидејќи очигледно СДСМ имаше очекување дека е природно Пендаровски да победи. Имаше и анкети и настапи во медиуми во кои се демонстрираше самоувереност по која следуваше таа изјава на Заев. Кога на 13 април стигна непријатната вест за поразот, одеднаш се превртеа работите. Заев за само неколку часа излезе со спротивна оцена за системска кражба. Системска кражба се прави со денови, а не на денот на избори ако воопшто се прави такво нешто. Мене не ми е јасно како до 13 април на половина ден СДСМ мислеше дека победува и сè беше горе-долу во ред и нагло се прекрши во ова најавено сценарио на непризнавање на резултатите, кое го најави пред неколку дена во интервју, вели аналитичарот Сашо Клековски коментирајќи ја изјавата на Зоран Заев за непризнавање на изборните резултати во отвореното студио на „Сител“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top