| четврток, 6 декември 2018 |

Клековски: Има доволно време, тешко дека СДСМ ќе одбере бојкот

Saso-Klekovski-Лидерот на СДСМ Зоран Заев даде условен бојкот и не ја затвори целосно вратата за избори. Тој посочи дека треба да се направат неколку работи за сите да учествуваат на избори, изјави политичкиот аналитичар Сашо Клековски.

-Треба да се направи сè што е возможно за да сите партии учествуваат на избори. Оваа т.н. кризна состојба влијае врз целото општество и на животот на граѓаните кои поради овие случувања се во стресна состојба. Кризата го истоштува општеството, а доколку сите фактори направат сè што е во нивна моќ, тешко дека СДСМ ќе одбере да ги бојкотира изборите, анализира Клековски за ТВ Нова.

Има што да се заврши, има работа, а тоа го вели и ЕУ, но и има доволно време ако сите работат во таа насока, дополнува Клекоски.

-Доколку има поместување на договореното и ако нема напредок во спроведувањето СДСМ ќе има изговор за бојкот. Не ни треба враќање во минатото, изјави Клековски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top