
Во врска со инцидентот што градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски-Циц, вчера се обидел да го предизвика во полициската станица во Куманово, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, даде објаснување за настанот:
Тоа е еден сегмент на СДСМ со кој сакаше да покаже дека има притисок врз опозицијата. Ниту бил повикан ниту бил приведен градоначалникот на Куманово. Тој се појави во станицата по негова желба. Впрочем, градоначалникот многу жестоко се обидуваше да исценира инцидент таму каде што нема. На крај се потврди дека со неговото агресивно однесување кон полицајците, наводно, бил приведен (а воопшто не бил ниту повикан), а тој сам одлучил да дојде во полициската станица. Нема да дозволиме полицијата да биде обвинувана кога фактичката состојба покажа дека со возило на општината се дистрибуира партиски материјал, со што се потврдува сценариото. Во возилото имаше однапред напишани приговори за инциденти кои не се случиле – рече Јанкулоска за „Канал 5“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Десковска и Царовска молчат, Јовановска потврди дека процесот против Јанкуловска е политичка одмазда
-
Јанкуловска има ризична бременост, не дојде на судењето на „Тенк“
-
Одложено судењето на полицаецот кој нудел поткуп за лажно сведочење во интерес на Катица Јанева


