
Обраќањето на Зоран Заев е чист цинизам. Човекот кој беше обвинет за криминал, а потоа беше помилуван и никогаш немаше можност да се докаже дали е виновен или не, кој одработуваше со ужасни изјави дека ќе јаде живи луѓе, дека ќе ја партизира државата, тој човек мртов ладен зборува за притисоци, за демократија. Кои му се шефовите и кој му кажува вака да зборува, прашува новинарката Мирка Велиновска во отвореното студио на Канал 5, анализирајќи ја изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека не ги прифаќа резултатите од изборите.
– Ваква закана дека се подготвени уште порадикално да играат значи дека некој ги буцка, а за да ги буцка, треба да ги „нафатира“ – вели Велиновска и додава дека медиумите на опозицијата, кои еклатантно го кршеа изборниот молк и во првиот и во вториот круг, обвинуваат за кршење на молкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


