На изборите победија граѓаните на Република Македонија. Имавме мирен изборен ден, мирни, фер и демократски избори. Граѓаните покажаа дека имаат демократска свест и потврдија на дело дека знаат да определат што е нивен и државен интерес.
Антонио Милошоски, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во изборната единица 5, денеска на прес-конференција изјави дека ова се најмирните избори што досега се одржани во Република Македонија.
– Нема потреба тоа да се докажува, тоа го докажа амбиентот, однесувањето и текот на денот. Голема благодарност кон сите граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска определеност. Иако постоеја јалови обиди од страна на опозицијата да се претстават изборите како неефикасни, тие обиди не успеаја, граѓаните не дозволија да бидат вовлечени во манипулативни сценарија на една опозициска партија – истакна тој.
Како што истакна Милошоски, граѓаните го дадоа најголемиот одговор на обидите за манипулација.
Граѓаните не дозволија манипулациите да поминат и се определија да бидат позрели и јасно да ја изразат слободна волја.
– Опозицијата денеска имаше два јалови обиди. Првиот беше што се обиде да креира слика за изборни нерегуларности. Иако секој граѓанин на која било партија можеше да се увери дека изборот и волјата беа сосема легитимно загарантирано за секого – заклучи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)



