Според обработените податоци до 17 часот во општина Гостивар од 76.883 гласачи во вториот круг за избор на претседател гласале 19.227 лица (25,09 проценти), а на парламентарните избори од 74.834, правото на глас го искористиле 32.495 (43,42 проценти).
Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за избор на претседател гласеле 4.453 (18,33 проценти), а своето право на глас за избор на пратеници го искористиле 9.527 (39.88 проценти). Во Маврово-Ростуше, правото на глас за претседателските избори го искористиле 3.120 (33,03 проценти), а за парламентарните 3.211(35,70 проценти).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



