| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостивар за парламентарните избори до 17 часот одѕив од 43 проценти

glasanje 06 (Custom)

Според обработените податоци до 17 часот во општина Гостивар од 76.883 гласачи во вториот круг за избор на претседател гласале 19.227 лица (25,09 проценти), а на парламентарните избори од 74.834, правото на глас го искористиле  32.495 (43,42 проценти).

Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за избор на претседател гласеле 4.453 (18,33 проценти), а своето право на глас за избор на пратеници го искористиле 9.527 (39.88 проценти). Во Маврово-Ростуше, правото на глас за претседателските избори го искористиле 3.120 (33,03 проценти), а за парламентарните 3.211(35,70 проценти).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top