Во општина Вевчани до 17 часот гласале 69,94 проценти за претседателските и 70,17 отсто за парламентарните избори, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Новица Костојчиноски.
Според него, гласачкиот процес во Вевчани се одвива во мирен и демократски амбиент.
Во избирачкиот список во Вевчани запишани се 2.072 граѓани со право на глас, а се гласа во три избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.