До 13 часот правото на глас за претседателските избори го оствариле 27,05 проценти од избирачите, додека за предвремените парламентарни избори гласале 30,93, информира попладнево Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Новаци, односно 53,42 проценти за претседателските и 54 проценти за предвремените парламентарни избори.
Најмалa излезеност за претседателските избори е регистрирана во Желино каде на гласање излегле 5,37 проценти од гласачите.
За парламентарните избори гледано по изборни единици најголем одѕив има во Третата изборна единица – 37,01 процент, по што следуваат Четвртата изборна единица со 34,86, Првата со 32, 12 проценти, Петата со 30,37, Втората со 29,08, додека за Шетстата изборна единица гласаче 22, 92 проценти од гласачите.
Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи на попладневната прес-конференција ги повика сите граѓани да го искористат правото на глас до затворањето на изборачките места.
Според избирачкиот исписо, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот