Тоше Дунимаглоски, од селото Кривогаштани има 93 години е еден од најстарите гласачи во прилепско. Досега не пропуштил избори – гласал и во Кралството на СХС, во Југославија и во Македонија. Најубаво му било кога гласал во самостојна Македонија.
– Се беше за тоа, одевме, се боревме, вошки имавме за кого, за што ? Се разбора за Македонија – вели Дунимаглоски.
Гласањето во Кривогаштани поминува во мирна атмосфера, до 10 часот и за претседател и парламентарните избори гласале 11 проценти.
Гласањето мирно поминува и во Прилеп. До 10 часот за претседател гласале 18 отсто, а за парламентарните избори 20 проценти.
Во Македонски Брод до 10 часот гласале 9,3 отсто за претседателските избори, и 10,3 за парламентарните. Во Крушево до 10 часот гласале 13 проценти од граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор во Бела Црква: Додека пиеле на маса го избол до смрт, па се обидел да му ја силува девојката
-
Груевски: Со проектот „Рурални развојни зони“ ќе се намали невработеноста
-
Фото споредба: Кривогаштани јасно покажува со кого е – масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ
-
Трипуновски: Тутунарството останува во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ