| четврток, 6 декември 2018 |

Во Вевчани до 13 часот гласале околу 40 отсто од граѓаните со право на глас

Pretsedatelski i predvremeni izbori 2 krug 2014 (10) (Custom)

Во Вевчани до 13 часот на предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска  39,91  проценти од граѓаните со право на глас изглегле да го остварат своето право и да гласаат, информира претседателот на Општинската изборна комисија Новица Костојчиноски.

На вториот круг од претседателските избори, како што појасни тој, излезеноста на граѓаните е 39,70 отсто.

Во Вевчани се гласа на три избирачки места. Право на глас за избор на новиот Парламент во Република Македонија имаат 2.072 гласачи, а за претседател на државата 2.069 граѓани. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top