Во Вевчани до 13 часот на предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска 39,91 проценти од граѓаните со право на глас изглегле да го остварат своето право и да гласаат, информира претседателот на Општинската изборна комисија Новица Костојчиноски.
На вториот круг од претседателските избори, како што појасни тој, излезеноста на граѓаните е 39,70 отсто.
Во Вевчани се гласа на три избирачки места. Право на глас за избор на новиот Парламент во Република Македонија имаат 2.072 гласачи, а за претседател на државата 2.069 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.