Владимир Кличко ја одбрани титулата светски првак во четири различни верзии (ИБО, ВБА, ИБФ и ВБО) по новата победа против Австралиецот Алекс Лепаи.
Украинскиот боксер лесно се справи со противникот и во петтата рунда го нокаутираше за одбрана на тронот.
„Слава за Украина. Не беше лесно да се борам вечерва бидејќи во последниот период со мислите сум целосно насочен на случувањата во мојата татковина. Се надевам дека нема да дојде до војна што би донела многу жртви“, изјави Кличко.
Ова беше вкупно 62. победа во кариерата на Кличко, од кои 53 се со нокаут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


