Едно лице погина, а спасувачките екипи по осум часа напорна потрага извлекое 48-годишна жена под рушевините на зграда во Виена, срушена од силната експлозија под која, претходно извлекле 13 повредени лица, објавуваат полицијата и пожарникарите.
Деветнаесетгодишното момче почина откако било извлечено од рушевините, пет часа по експлозијата. По осум часа пожарникарите ја извлекоа Адина Мирциоане, која не се здобила со тешки повреди и префрлена е во болница.
-Експлозијата беше мошне силна, рекол портпаролот на пожарникарската служба Гералд Шимпф за австриската агенција АПА. Додал дека сеуште не знаат што всушност се случило.
Според државната телевизија ОРФ, се стравува од слични инциденти во тоа подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


