Маскирани луѓе киднапирале во Донецк двајца руски новинари кои работат за телевизискиот канал „Лајф њуз“. Тие во моментов се наоѓаат во Главниот штаб на Службата за безбедност на Украина во Донецската област, јавува овој канал.
Јулија Пустоплјенсова и Михаил Лудовкин оделе да снимат интервју со Игнат Кромски-Топаз, познатиот борец од антимајдан, кога ги заробила група од десеттина маскирани мажи, раскажале приврзаници на федерализацијата кои го виделе случајот.
Напаѓачите новинарите ги натерале да клекнат, им ги одзеле сите ствари им ги врзале рацете и ги однеле во непознат правец. „Лајф“ бара новинарите да бидат ослободени и потсетува дека на 17 април била киднапирана и друга нивна екипа, кога новинарката и снимателот биле задржани на разговор 19 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


