| четврток, 6 декември 2018 |

Пирова победа на Вардар од 27-25, Фленсбург на разлика оди во Келн

Пирова победа на Вардар од 27-25, во неверојатно возбудлив меч и особено финиш, во кој Фленсбург се извади од работ на амбисот и патува на фајналфор турнирот во Келн, благодарение на повеќе постигнати на гости. Првиот меч во Фленс арената заврши со победа на германскиот тим од 24-22, па вкупниот резултат е 49-49 со предност за Фленсбург според правилата на ЕХФ.

Реваншот во Скопје беше еден од највозбудливите во историјата на клупскиот ракомет и во Лигата на шампионите, а Вардар приреди чудо, откако ја анулира предноста на Фленсбург од 15-10 на полувремето. На само 3 минути до крајот македонскиот првак имаше се во свои раце и доволна предност од 27-23, но потоа Гландорф погоди од скок шут, за на само 11 секунди до крајот и Егерт да биде прецизен од пенал. Во последните моменти Вардар не успеа да постигне победоносен гол, за историја, но може да си замине од европската сценат со крената глава.

Во Скопје не минаа гигантите Барселона, ПСЖ, европскиот првак Ханбург, а Фленсбург се извлече, па вардарци немаат за што да жалат. Дадоа максимум и само мала доза на среќа ги исфрли од колосек и пат во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top