| четврток, 6 декември 2018 |

Фленсбург води со 15-10 и е на половина час до Келн

Германскиот претставник Фленсбург одигра одличен ракомет и заслужено води со 15-10 по првите 30 минути во реванш четвртфиналето против вардар во Скопје. Влогот е настап во келн на фајналфор турнирот, а Фленсбург е многу блиску, само половина час игра во арената „Борис Трајковски“ до пат на Ф4.

Вардар го загуби првиот меч со 22-24 и сега мора да направи чудо и да направи позитива 0д 8 гола, ако сака настап со елитата во Келн.

Стефан Вајндхолд беше нереѓлива енигма за одбраната на македонскиот шампион и постигна 4 гола, но и одлично ја развлекуваше одбраната на домаќинот. Голманот Матијас Андерсон фати 7 топки, а одлична претсава прикажа и Егерт Магнусен со 3 гола.

Кај Вардар најефикасен е Дибиров со 3 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top