| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана без сопругот на Евровизија

tijana

 Претставничката на Македонија на овогодинашниот Евросонг Тијана Дапчевиќ одлучила без сопругот Милан да отпатува на овој натпревар, кој во мај ќе се одржи во Копенхаген, Данска – пишува српски Блиц.

– Милан ми е најголема поддршка и сојузник во се`, но тој, за жал, ќе остане дома со нашиот син Вук и оттаму ќе навива за мене. Вук е многу мал за патување, така што тие неколку дена ќе се дружи само со татко му – вели Тијана.

Таа очекува поддршка од сите земји од бивша Југославија, но не е оптоваррена со пласманот.

– Велеа дека одам на победа, но не е тоа баш така лесно. Пласманот ми е битен, но далеку од тоа дека е од пресудно значење. Најважно ми е да се претставам себеси и мојата земја на најдобар начин и ќе направам тоа така и да биде – порачува пејачката

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top