| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ виде дека народот не ги поддржува, па започна со клевети, монтажи, измислици

grujo 2

– Нашите дела се видливи насекаде и никој не може да ги избрише и порекне. Затоа направете избор според вашето убедување и испратете порака кон сите кои имаат нечесни планови кон нашата држава и покажете кој е македонскиот народ – истакна Никола Груевски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на последниот митинг од кампањата пред велешани.

Тој истакна дека кампањата што ја води  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е позитивна кампања со добра мисла, со образложение на плановите за иднината, со потсетување за тоа што е направено, со  дела, реформи, економија, нови работни места, отварање на фабрики и за она што е сработевме и на што биле посветени.

-Нашиот политички конкурент СДСМ во првиот период се обиде да ни парира со позитивна кампања. Ветуваше општо, ветуваше насмевки, среќа и незнам што уште не и виде дека не може со ВМРО-ДПМНЕ и со Коалицијата да се натпреварува со позитивни дела, виде дека не може да се натпреварува со нашиот тим во доби идеи и виде на 13 април 120.000 разлика дека македонскиот народ знае да направи разлика – истакна Груевски.

Па во вториот круг, потенцираше Груевски, се втурнаа во крајно валкана, негативна кампања, со клевети, навреди, монтажи , фалсигфикати, обвинувања, измислици.

-Мислам дека сега ќе видат дека тоа е рецепт за уште поголем пораз на изборите на 27 април. Народот сака иднина, народот почитува дела.  Народот почитува работа и чесен и искрен однос кон него – рече Груевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top