Тој истакна дека кампањата што ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е позитивна кампања со добра мисла, со образложение на плановите за иднината, со потсетување за тоа што е направено, со дела, реформи, економија, нови работни места, отварање на фабрики и за она што е сработевме и на што биле посветени.
-Нашиот политички конкурент СДСМ во првиот период се обиде да ни парира со позитивна кампања. Ветуваше општо, ветуваше насмевки, среќа и незнам што уште не и виде дека не може со ВМРО-ДПМНЕ и со Коалицијата да се натпреварува со позитивни дела, виде дека не може да се натпреварува со нашиот тим во доби идеи и виде на 13 април 120.000 разлика дека македонскиот народ знае да направи разлика – истакна Груевски.
Па во вториот круг, потенцираше Груевски, се втурнаа во крајно валкана, негативна кампања, со клевети, навреди, монтажи , фалсигфикати, обвинувања, измислици.
-Мислам дека сега ќе видат дека тоа е рецепт за уште поголем пораз на изборите на 27 април. Народот сака иднина, народот почитува дела. Народот почитува работа и чесен и искрен однос кон него – рече Груевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



