Поголемо количество свежа риба, денеска, полицијата во акција со инспекторите од Дирекцијата за храна, запленија од препродавачите на булевар Маршал Тито, пред „Глобал“, во Струмица
Ова е втора акција на полицијата и инспекторите за храна на одземање поголемо количество на свежа риба, дојрански „караш“, која уличните препродавачи ја продаваат на отворено.
Пред неколку недели имаше слична акција и беа запленети над 200 килограми свежа риба, од истиот вид.
И покрај ваквите акции, уличните препродавачи сепак, излегуваат и на отворено, без соодветни услови, продаваат риба. Тие нерасположени за коментар, само додаваат дека им се одзема парчето леб, кое го вадат продавајќи на улица.
Извор: Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје